Социјалниот центар Дуња на својата Фејсбук страница објави отворен апел за помош и вдомување на бездомници, истовремено нудејќи сместување за луѓето кои немаат каде да се засолнат од поларните температури.
„Ние во СЦ Дуња имаме простор каде можеме да помогнеме да сместиме некој кај нас поради ниските температури. Локацијата е Рајко Жинзифов бр 22 (спроти градежен факултет). Потребно е да споделите и да донесете бездомници на таа адреса како и донации со ќебиња, храна, греалки, вода, перници, парични донации“, пишуваат волонтерите во апелот.
Дополнително, на сите индивидуалци и организации кои се бават со помош на бездомници им нудат дополнителен простор за вдомување. Социјалниот центар располагаме со капацитет за сместување на 10-15 луѓе.
Истовремено, повикуваат сите заинтересирани кои можат да помогнат за приготвување на топол оброк за бездомниците, за чување или да ги чува и да им помага додека се во центарот. Потребни се и луѓе кои би отишле на терен да ги донесат бездомниците во центарот да се згреат, преспијат и да се нахранат.
Заинтересираните можат да пишат во порака на Фејсбук профилот на СЦ Дуња.