Вечер на кинески филм на ФДУ

Сподели

Факултетот за драмски уметности Скопје во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина организираат филмска вечер во чии рамки ќе се прикаже филмот „Убав поглед“.

30 јуни, со почеток од 20 часот, ФДУ

Пред проекцијата на филмот свое кусо обраќање ќе имаат Деканот на ФДУ и НЕ Амбасадорот на НР Кина.

По проекцијата ќе следи коктел со традиционална кинеска храна. За резервација пишете на fdu@ukim.edu.mk

Влезот е слободен.