И вечерва организаторот на протестите против францускиот предлог „Ултиматум, НЕ, благодарам“ повикува граѓаните да го искажат своето незадоволство во 19 часот пред Владта.
„Повторно пред Влада, преку МНР до Собрание. Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено“, се вели во соопштението на „Ултиматум, не благодарам”.
Маршрутата по која ќе се движи протестната поворка ќе води од Владата преку мостот „Гоце Делчев“ пред МНР и до Собранието.