Во текот на велигденските церемонии неколку експлозии одекнаа во црквите „Кочхикаде“, „Негомбо“ и „Батикалоа“ и во хотелите „Шнгри Ла“, „Цинамон Гранд“ и „Кингсбуру“ во главниот град Коломбо.
Најмалку 129 лица загинаа при експлозии во три цркви и хотели во Шри Ланка, според првичните полициски проценки.
Ова е прв сериозен бомбашки напад во Шри Ланка од завршувањето на конфликтот меѓу властите во Коломбо и сепаратистичката група Ослободителни тигри на тамилскиот Елам (ЛТТЕ) во 2009 година.