Поранешниот играч на Челзи и Бирмингем, Рој Мекдоналд, дефинитивно е еден од најлудите играчи што некогаш зачекориле на фудбалските терени.
Овој контроверзен фудбалер заработи рекордни 22 црвени картони во кариерата, а беше исклучително активен и на теренот и надвор од него.
„Најлудиот фудбалер кој постигна гол и на теренот и надвор од него“, вака англиските медиуми го опишаа Рој, кој денес има 63 години, пренесуваат англиските медиуми.
За 18 години кариера, Рој одигра 650 натпревари, постигна 150 гола и собра дури 22 црвени картони.
Тој беше исклучително активен и надвор од теренот. Во својата автобиографија, тој откри дека спиел со 400 жени, признал дека сака да има оргија со соиграчите и дека сексуално преносливите болести не му се туѓи.
Неговото мото беше: Победи или изгуби, но пиј во секој случај!
Како негов најголем трофеј, тој го посочува освојувањето на британската мисица Кристина Хоутон, и се пофали дека ја освоил со „половина литар пиво и една фунта“.
Често го возел автомобилот мртов пијан, но за среќа никогаш не доживеал несреќа. Во една прилика, лиценцата му била одземена на 30 месеци.
The post ВИДЕО: Беше во кревет со 44 жени, доби 22 црвени картони, а еве кој е неговиот највреден трофеј!? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico