ВИДЕО: Се сеќавате на боб тимот на Јамајка и познатиот филм за нив? Епа по 30 години повторно ќе ги гледаме на ЗОИ 2022!

Сподели

Јамајка и оваа година ќе биде дел од најголемите спортски собири на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) 2022 што од 4 до 20 февруари ќе се одржуваат во Пекинг, Кина.

Јамајка оваа година обезбеди квалификации и за прв пат во својата историја ќе биде претставена со дури три екипажи во боб – санкање, објави денеска Олимпискиот комитет на Јамајка.

Тоа значи дека по цели триесет години повторно ќе ги гледаме во дисциплината боб кои во далечната 1988 во Калгари беа вистински хит во ова натпреварување.

– Тоа ќе биде оган на мразот, објави Олимпискиот комитет на Јамајка на својот Твитер профил, најавувајќи го настапот на трите екипажи во машка и женска конкуренција на Игрите во Пекинг.

Јамајка за прв пат настапи во боб санкање на ЗОИ 1998 во Калгари, а нивниот подвиг подоцна беше инспирација за филмот „Rasta Rockett-Cool Running“, кој доживеа огромен успех.

фото: MARK CARDWELL AFP/File

Еден од членовите на тој легендарен екипаж, Крис Стоукс, е актуелен претседател на Федерацијата во боб-санкање на Јамајка.

The post ВИДЕО: Се сеќавате на боб тимот на Јамајка и познатиот филм за нив? Епа по 30 години повторно ќе ги гледаме на ЗОИ 2022! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico