Општиот впечаток на Роналдињо е дека важи за играч кој на публиката и го пружил најатрактивниот и најуметнички сегмент на фудбалот.
Играше на завидно ниво од 2002 до 2007 година, по што почна да опаѓа неговата форма.
Бразилецот многумина негови фанови сè уште го сметаат за најголемиот волшебник во историјата на фудбалот, но доколку покажеше попрофесионален однос, можеше да добие статус на „вонземјанин“ како Кристијано Роналдо и Лео Меси.
За време на неговата кариера, тој беше главна атракција на теренот. Единствен исклучок може да биде еден натпревар кога Бразилецот доживеа вистинско понижување.
На Светското првенство во 2006 година, Бразил беше главен фаворит со неверојатен тим чиј напад го сочинуваа Роналдо, Роналдињо, Адријано и Кака.
Бразилците беа запрени во четвртфиналето кога налетаа на Зинедин Зидан. Французите го добија натпреварот со 1:0 со голот на Тиери Анри.
Сепак, прво име на мечот беше тогаш 34-годишниот Зидан, кој одигра како од учебник. Сè што замисли отиде кај него и беше ноќна мора за Бразилците.
„Кога загубивме од Франција во 2006 година, за време на натпреварот се чувствувавме како да играме само против Зидан. Тоа беше фудбалска лекција што никогаш во мојот живот не ја добив “, изјави тогаш Роналдињо.
Сепак, тој турнир заврши неславно за Зидан, бидејќи беше исклучен во финалето кога со глава го удри Марко Матераци поради навреда. Триколорите загубија од Италијанците по пенал рулетот.
Французинот долги години беше број 1, а нешто повозрасните љубители на фудбалот оправдано го сметаат за најдобар во историјата на оваа игра.
По Мундијалот во Германија почна падот во кариерата на Роналдињо, а тој не играше како порано.
По Барселона следеше ангажман во Милан, па беше на неколку авантури во Бразил.
Пред седум години се прости од фудбалот….
The post (ВИДЕО) Тој беше ноќен кошмар за Роналдињо – ,,Беше фудбалска лекција што нема да ја заборавам,,! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico