Влада на РМ: Судските одлуки се одлуки на независни институции

Сподели

Судските одлуки се одлуки на правосудните органи како независни институции. Владата на РМ со должно внимание ги зема во предвид пораките од денешниот протест по повод одлуката на Јавното обвинителство во врска со трагичниот случај на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово, се вели во соопштението од владината прес-служба во врска со овој случај.

Овој став на Владата, посочуваат од Владата, е во насока на сеопфатните заложби за реформи во правосудниот систем што треба да ги вратат достоинството и довербата во судските институции, и најмногу од се, како што се посочува, да ги вратат непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата, во работата и одлуките на сите институции во правосудството.

„Владата на РМ се залага за реформи во правосудството преку кои се враќаат непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата. Истовремено, Владата ги осудува сите изрази на говор на омраза и на радикални постапки, кои се во спротивност со заложбите за едно општество за сите“, се вели во соопштението.