Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 118-тата редовна седница, со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На седницата на дневен ред, меѓу другото, се повеќе предлог-закони за изменување и дополнување, меѓу кои на Законот за заштита на децата, за социјална заштита и за основното образование, како и одделни извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.