ВМРО-ДПМНЕ денеска организира народен собир во Скопје

Сподели

vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи народен собир кој ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 15 часот. Собирот  го најави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“.

„ВМРО-ДПМНЕ порачува: време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтите, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поинаква свест од нив, поинакво чуство на одговорност кон граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други. На Македонија ѝ требаш сега“, се вели во најавата на „Фејсбук“.

Изминатите два дена, ВМРО-ДПМНЕ во Македонската опера и балет организираше трибини, собири и партиски настани, а на денешниот собир свое обраќање се очекува да има и лидерот на партијата, Никола Груевски.