ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за финансиски тероризам врз граѓаните

Сподели

nova-zgrada-vmro

Обидот на СДСМ да ги наруши финансиската стабилност и финансиските текови е класичен акт на финансиски тероризам од страна на аболираниот криминалец Зоран Заев и од неговата дружина врз граѓаните на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кире Наумов.

„СДСМ стори уште едно финансиско злосторство обидувајќи се со лаги и со невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава. СДСМ се обиде да упадне во финансискиот систем со намера да спречи инвестиции во градинки, училишта, патишта, болници, отворање на нови работни места и други проекти. Аболираниот криминалец Зоран Заев повторно без никаква причина, со ширење лаги, се обидува да ѝ нанесе штета на Република Македонија и преку пласирање дезинформации за еврообврзницата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

meta.mk