“Кој од врвот на власта ги штити наркобосовите од Грчец и Арачиново?”, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
“Кој е кртот, не е вистинското прашање! Акцијата е изминирана во корен, тоа не го издал некој службеник, туку висок функционер. Рибата смрди од главата! Вистинското прашање кој од врвот на власта си ги спасил извршителите од Грчец и Арачиново!?
Спасовски, да не си помислил да се вадиш! 5 години си министер во МВР, ова е недозволиво! Поднеси си оставка веднаш!
Оставка, затоа што се додека оваа криминална багра е на власт нема и не може да има правда”.
соопштение, ВМРО-ДПМНЕ