ВМРО-ДПМНЕ треба да одлучи дали ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови

Сподели

 

Во обраќање пред членовите на Централниот одбор на СДСМ, претседателот Ковачевски рече дека од национален, регионален и глобален контекст е значајно продолжувањето на европскиот пат на земјата и ги потенцираше ризиците за иднината на земјата доколку не продолжат евро-интеграциите.

-Нашите стратешки партнери САД препознаваат колку е важно во национален, регионален, но и во глобален контекст Северна Македонија да продолжи со евроинтеграциите кои се веќе започнати. На средбите и Блинкен и Ескобар недвосмислено потврдија дека евроинтеграциите на земјава се неповратен процес. Токму затоа и изразија загриженост врзана со блокадата на опозицијата. Доколку ние не продолжиме по европскиот пат, доколку не ги направиме следните чекори, евроинтеграцијата ќе запре и ние повторно ќе се најдеме во состојба на стагнација како онаа што ја имавме цели 10 години до 2016. Тоа е многу опасно за нашата земја, за нејзината иднина, рече Ковачевски

Воопшто не беше лесен патот до тука изминативе години, но ова е прв пат блокадата да не доаѓа од надвор, туку да доаѓа од внатре, од дома, од опозицијата која дефакто е против сите процеси кои ја носат државата напред, додаде Ковачевски.

Ова е најдобриот договор што ние можеме да го добиеме, и тука не треба да има дилема.

-Можеби ВМРО ДПМНЕ ќе соберат капацитет за да можат да го согледаат сето ова како целина. Иако, до денес како дел од анти европскиот блок предводен од проруската Левица и со константно блокирање, јасно е како е позиционирана оваа партија. Но од друга страна, јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, пратеници, претставници на раководството кои не мислат како Мицкоски и кои искрено, од срце сакаат земјава да го продолжи патот кон ЕУ. Сакаат да бидат дел од проевропскиот блок. И тие поединци мислам дека многу брзо ќе го остават Мицковски на последната станица и ќе продолжат на возот кон Европа. СДСМ е предводник на овој европски концепт за европска иднина. И тоа така ќе биде. Или ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови. Во секој случај, возот е тргнат и враќање назад нема. Сум го кажал ова, и ќе го кажам пак, Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, рече претседателот Ковачевски.