Египет: Исчезнати околу 33.000 древни артефакти

Сподели

Околу 33.000 древни артефакти се изгубени во претходните педесет години во Египет, соопшти египетското Министерство за антиквитети, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството соопшти дека ќе соработува со Меѓународната организација за криминалистичка полиција (ИНТЕРПОЛ) и со останатите меѓународни тела во обид да се пронајдат изгубените антиквитети.

Во соопштението не е наведено како тие предмети се отуѓени, но наведено е дека некои од нив исчезнале за време на народното востание во 2011 година, кога беше соборен поранешниот претседател Хосни Мубарак.