По повод Меѓународниот ден на жената, во Скопје се одржа четвртиот по ред Марш за женски права.
Маршот традиционално е организиран од Платформата за родова еднаквост, под мотото„Ти не си виновна!”, а целта на марширањето беше да ја прослават историската феминистичка борба, но и да потсетат дека патот за родовата еднаквост не е завршен.
8-ми Март за меѓународен ден на жената е прогласен во 1977 година од страна на Обединетите нации, но сѐ започнало многу порано. Во 1857 год. жените од текстилната индустрија во Њујорк започнале масовни демонстрации за своите права, а пред 111 години, во истиот град, во организација на Социјалистичката партија на Америка 15.000 жени излегле на протест, барајќи пократко работно време, подобра плата и право на глас.
На 8.3.1910 год. во Копенхаген се одржала првата меѓународна конференција на жените на која што на предлог на славната германска социјалистка Клара Цеткин е востановен овој ден.