Во Собранието пронајдена е импровизирана експлозивна направа

Сподели

Денеска во Собранието, во ходникот на првиот кат, била пронајдена импровизирана експлозивна направа, потврдија за „Мета“ од МВР.

Оттаму велат дека станува збор за петарда со фитил, кој со селотејп бил врзан за голема плинска боца за полнење на запалки.

„Во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК) началникот на обезбедувањето на Собранието, Горан Јарчевски пријави дека во ходникот на првиот кат во Собранието била пронајдена импровизирана експлозивна направа, петарда со фитил кој со селотејп бил врзан за голема плинска боца за полнење на запалки, “ велат од МВР.

Оттаму додаваат дека е известен Одделот за антитероризам на МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.