Еден напаѓач упаднал во просториите на водечкото московско радио “Ехо Москви” и ја избодел заменик уредничката и водителка Татјана Фелгенгауер.
Главниот уредник на радиото Алексеј Венедиктов денеска изјави дека напаѓачот ја прободел неговата заменичка со нож во грлото.
Напаѓачот бил уапсен од обезбедувањето на радиото, а новинарката е пренесена во болница.
Радиото Ехо Москви, кое е во сопственост на државниот енергетски гигант Газпром, е еден од неколкуте независни медиуми во Русија.