Вонреден инспекциски надзор по случаите на хепатит Ц на штипска Ортопедија

Сподели

 

На Одделението за ортопедија во Клиничката болница во Штип е извршен координиран вонреден инспекциски и санитерно епидемиолошки надзор од страна на Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје од Штип, којшто следува по регистрираните 11 случаи на хепатит Ц кај пациенти што се лекувале на ова одделение.

Како што информираат од Министерството за здравство, согледана е целокупната епидемиолошка состојба во ЈЗУ Клиничка болница Штип и дадени се насоки за понатамошно постапување во установата.

За сите следни активности и резултатите од дијагностичките постапки кај пациентите кои се во тек, ќе бидат објавени дополнителни информации од надлежните здравствени институции.

Од Министерството за здравство информираат дека не нема нови случаи на заболени лица со хепатит Ц. Горенаведените институции континуирано ја следат состојбата на терен и ќе бидат во непосреден контакт со Клиничката болница од Штип.