МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, на крајниот запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од два до 14 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Температурата ќе достигне до осум степени.
Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд ќе има во среда попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.
Ќе дува засилен југозападен, а во вечерните часови како и во четврток северозападен ветер. До четврток на планините во северозападните делови ќе има врнежи од снег претежно со умерен интензитет, така што ќе има континуирано зголемување на снежната покривка.