МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне и во ноќните часови.
Утринската температура ќе се движи од -2 до 5, а дневната од 4 до 10 степени.
Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 8 степени.
Повеќе врнежи се очекуваат во четврток претпладне кога локално се очекува да наврнат над 25 л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.