ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, на места пороен и проследен со ретки грмежи, информира УХРМ. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 6 до 11, а дневните од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 9 до 23 степена.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Од петок ќе има намалување на облачноста и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.