ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 13, а дневната од 19 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Од недела ќе се задржи стабилно време но температурите постепено ќе опаѓаат.