ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 8 до 20 степени.

Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат во деновите од викендот.