МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степена.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Т = 15 °C, P = 984 hPa, U = 46 %, V = 2 m/s.
За викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.