МАКЕДОНИЈА – Прoменливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. УВ=7
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
T= 27 °C, P= 970 hPa, U= 49 %, V= 6 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)