Вучиќ: ЕУ е нефер кон РС Македонија и Албанија

Сподели

 

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека му е многу жал што ЕУ не им дала на Албанија и Северна Македонија датум за почеток на преговорите и дека не е фер кон тие земји и нивните граѓани.

“Сметам дека е нефер и кон Тирана и кон Скопје, како и кон граѓаните и луѓето што ги водат тие земји. Тие ќе имаат искрен пријател во Србија и ќе ја подобриме соработката со нив. Сакам да објавам дека ќе имаме важна (29 јуни) видео конференција со премиерите (Зоран) Заев и (Еди) Рама, рече Вучиќ.

– “На граѓаните на Северна Македонија и Албанија им посакувам се најдобро и сигурен сум дека и тие, како нас, ќе го продолжат својот европски пат, но ние добро ја разбравме пораката дека мора да градиме поблиски односи и да станеме посилни и да не очекуваме ништо од никого но ние веруваме во себе и ги туркаме нашите земји напред”, нагласи Вучиќ.