Вучиќ: Сите вакцинирани граѓани во Србија ќе добијат по 3.000 динари

Сподели

 

Сите граѓани во Србија кои се вакцинирале, ќе добијат дополнителни 3.000 динари помош, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Целта на Вучиќ, е да ги стимулира тие кои се одговорни прво кон своето, а потоа и кон здравјето на најблиските.

– На ваков начин сакаме да дојдеме до колективен имунитет и да се посветиме на работата – вели Вучиќ.

Тој нагласи дека и покрај претходно предвидената помош, сите оние кои се вакцинирани на возраст над 16 години, или кои биле вакцинирани со една или две дози, и сите кои ќе бидат вакцинирани со најмалку една доза до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари (околу 25 евра) од државата.