За поголема еднаквост и инклузивен свет: 20 ноември, Светски ден на децата

Сподели

 

Светскиот ден на децата беше воспоствен во 1954 година, како Универзален ден на децата и се обележува на 20 ноември секоја година, за да ги промовира меѓународното заедништво и свест меѓу децата низ целиот свет и да ја подобри добросостојбата на децата.
 
– На 20 ноември 1959 година Генралното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето.
– На 20 ноември 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето.
Кој и што може да направи за децата?
Сите – мајки, татковци, наставници, медицински сестри и доктори, водачи и граѓански активисти, религиозни и лидери во заедниците, деловни могули и медиумски професионалци, како и самите млади и деца, мож да имаат важна улога во тоа да го направат Свестскиот ден на децата важен во своето општество, заедница и држава.
Овој ден може да ни послужи сите нам како инспирација да ги промовираме, застапуваме и славиме правата на децата, така што ќе почнеме да разговараме и да преземаме акции што ќе направат подобар и поправеден свет за децата.
 
Што ќе направите вие?
Што велат децата и младите?
Од климатски промени, образование и ментално здравје, се’ до стоп за расизам и дискриминација, децата и младите го креваат својот глас за прашања важни за нивната генерација и повик до возрасните да содадат подобра иднина.
 
„Да има повеќе дебати за глас на децата“
„Да има едукативни програми за заштита од насилство, како да се однесуваат родителите со децата кога имаат потреба за ментална помош“
„да се развива претприемачки дух и финансиско описменување на млади“
„едукација за млади родители“,
„активизам во заедница“,
Едукативни програми за „подигнување на самодовербата на индивидуата“
„кариерно определување на млади“
 
Едукативни програми за „развој на комуникациски вештини“.
 
Децата предлагаат „да се воведе задолжително и редовно консултурање со граѓаните од сите социјални и возрасни групи во однос на нивното задоволство од животот во заедницата“ но и „Да се справедува редовна анонимна анкета за предлози од самите граѓани“.
Во продолжение е есеј во кој младиот Димитар размислува за образовниот систем и на кој начин овој систем ги подготвува или не децата за живот. Прочитајте го!
 
Колку одличниот успех ги подготвува учениците за реалниот живот
Денес, повеќе од кога било во минатото, се претендира учениците да ја завршат училишната година со одличен успех. Често пати за да се постигне оваа цел учениците учат „на памет“ и учат предмети за кои немаат посебен интерес. Од друга страна, врз професорите и наставниците се врши голем притисок да стават некоја повисока незаслужена оцена. Се прашувам, колку и дали ваквиот постигнат успех и систем на едукација не подготвува нас младите за реалниот живот.
 
Во образованието за секој ученик мерило за успех се оцените, кои за жал секогаш не се реални, односно фактичкото знаење на ученикот кое е стекнато во училишните клупи и разни достапни литератури и медиуми, не секогаш се совпаѓа со напишаната оцена. Дополнително, образовниот систем ги лишува младите од нивната слобода на размислување на неколку начини.
 
Прво, младиот, амбициозен човек влегува низ училишните врати спремен да се стекне со нови знаења и искуства аналогни на неговите афинитети и предизпозиции. Одеднаш, на пример, идниот адвокат наместо да биде вметнат во средина со луѓе со слични афинитети и амбиции, каде ќе научи аргументирано со факти своите ставови да ги презентира во една дебата, се сочуува со секакви статистики и непотребни информации од областите на биологијата, хемијата, физиката итн.
 
Второ, недостатокот на практичната настава, попозната како пракса, е уште еден признак за тоа колку образованието не нѐ подготвува за реалниот живот. Згора на сите непотребни теоретски знаења, ученикот често пати не знае да ги примени истите во пракса. Ова е посебно проблем на факултетите и во стручните училишта, каде многу често опремата е застарена, и во средните и основните училишта каде праксата е само мисловна именка.
 
Трето, во формалната едукација нѐ учат, дека за одреден проблем има само еден точен одговор и да не правиме грешки, така што младите излегуваат од образовните институции креативно хендикепирани, односно се фокусираат на „единствениот“ точен одговор и најстрашно од сè, сите се плашат да направат грешка. Сето ова е спротивно од тоа што е потребно да се успее, па дури и да се преживее животот.
 
Четврто, учениците, со исклучок на некои факултети, излегуваат од студентските клупи со ограничени сознанија за реалниот живот, како „интелектуалци“ кои се финансиски неписмени. Не се свесни за тоа како функционира финансискиот систем, земаат брзи кредити, без да се доволно свесни за ризикот во кој влегуваат и не знаат како да се стекнат со завиден капитал.
 
Младите се ограничени само во рамките на својата струка и засекогаш ќе останат финансиски зависни и покорени од волјата на својот работодавач, па така, никогаш нема да ја почуствуваат вистинската слобода, што е најголемото зло на образовниот систем.
Димитар Георгиев, трета година во скопска гимназија (Општествено хуманистичко подрачје – комбинација А)