Премиерот Заев на почетокот на денешната собраниска седница уште еднаш ги повика пратениците да гласаат за иднината на нашата земја.
-“Многу се поделивме пред се политички, се замразивме, се закрвавивме ќе се испоубивеме пред очите на сите. Еве прилика да си простиме и да се помириме, рече премиерот Зоран Заев денеска во Собранието, при образложување на владиниот предлог за уставни измени.”
„Ајде десната страна да подаде рака на левата и левата да и подаде на десната, испраќам порака на помирување. Знам дека ова има цена, но политичарите доаѓаат и си одат, а иднината на земјата е најважна. Нема иднина за нашата земја ако не си простиме. Ги повикувам пратениците да мислат и да погледнат во иднината. Дали сакаат европска Македонија или изолација, сиромаштија и несигурност“, рече Заев на пленарната седница која е во тек.