ЗАЕВ: Очекувам оставка од директорот на затворот „Шутка“ најдоцна до понеделник

Сподели

Премиерот Зоран Заев денеска побара оставка од директорот на затворот „Шутка“ Ѓоко Котевски, по вчерашните два инцидента во дворот на оваа казнена институција, во кои имало повредени притвореници.

„ Директорот на затворот Ѓоко Котевски во врска со инцидентите во Шутка поднесе извештај, во кој вели дека притвореното лице Спире Ристовски со погрдни зборови прв вербално нападнал друго затворено лице, а потоа за многу кратко време се случил уште еден таков инцидент.

Тоа не може да се толерира, без разлика дали истрагата ќе покаже дека нападнатите две лица го испровоцирале инцидентот или не. Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни и ненамерни инциденти. И секое лице што наоѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно.”

Премиерот Заев оставката ја очекува најдоцна до понеделник.