Заев: Пописот е статистички процес неопходен на државата

Сподели

 

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис. Оваа поддршка доаѓа од сите коалициони партнери и претставниците во Парламентот, Владата и во институциите”, изјави премиерот Заев.

“Убеден сум дека ќе имаме статистичка операција која ќе ги евидентира и ќе покаже релевантни и точни податоци, кои ќе ни помогнат за креирање на економските политики, рамномерни регионални планови за развој, соодветни политики во образование, култура, здравствена заштита. Податоците од пописот се статистички податоци кои им требаат на државните институции, извршната, парламентарната, локалната и судската власт, како и на сите чинители во општеството“, истакна премиерот Заев.

Пописот ги опфаќа сите граѓани, кои се регистрираат по етничка припадност, резидентните и нерезидентните граѓани. Меѓуграничната контрола дава можност во секој момент да знае државата колку од граѓаните живеат надвор од државата повеќе од една година. Сите граѓани слободно ќе ја изразат својата верска и етничка припадност”.