ПАРИЗ (АА) – Француската конзервативна партија Републиканци, денеска го одржува првиот круг внатрепартиски избори за кандидат за претседателските избори, кои ќе се одржат во 2017 година, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Во првиот круг на изборите вклучени се седум кандидати, а една недела подоцна ќе одлучува меѓу двајцата кандидати кои ќе добијат најмногу гласови во првиот круг.
Фаворити за партиската номинација на Републиканците се двата поранешни премиери Франсоа Филон и Ален Жипе, и поранешниот претседател Никола Саркози.
Републиканците во решавачкиот круг од трката за претседател на државата најверојатно ќе се натпреваруваат со екстремно десничарската партија Национален фронт, предводена од Марин Ле Пен, позната по своите анти-исламски ставови, како и ставот за неприфаќање на бегалците.
Резултатот од внатрепартиските избори е тешко да се предвидат, а се очекува дека резултатите од нив ќе бидат објавени во недела навечер.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат на 23 април и 7 мај 2017 година.