Заштитен сведок ќе сведочи во случајот “Монструм”

Сподели

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство ќе биде сослушан заштитен сведок.

На претходното рочиште, кое беше одложено поради недостиг од технички услови за сослушување на сведокот, судот нагласи дека за денеска ќе бидат обезбедени услови со кои ќе се скрие идентитетот на заштитениот сведок, како што предвидува законот, а на рочиштето ќе може да присуствува и јавноста.

Предметот „Монструм“ е отворен од СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, а во првичната постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.