Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) е професионално здружение основано во декември 2010 година, согласно со Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори.
Неговата мисија е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Македонија, да работи на професионалниот развој на своите членови и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу припадниците на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.
Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) ќе ја одбележи својата десетгодишнина во четврток, на 17.12.2020 година, преку електронската платформа Зум, – претходните претседателки ќе зборуваат за почетоците на Здружението, во која учество ќе земат актуелната претседателка која ќе ги пренесе плановите за во иднина, а членовите ќе се вклучат со свои коментари за придобивките и очекувањата од членувањето во ЗПРМ.