Земјотрес со јачина од 5,6 степени во Грција

Сподели

 

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер, во 13:57 минути е регистриран во Грција, во областа околу Лариса.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 12.3.2021 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 230 km јужно од Скопје во соседна Република Грција. Земјотресот се случи во 13 часот и 57 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML5.6.

Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во јужните делови на на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од сеизмолошката опсерваторија на ПМФ во Скопје.