Земјотрес во Јапонија: Загинаа најмалку 2 лица, 125 повредени и 32 исчезнати

Сподели

Силен земјотрес од 6.7 степени по рихтер го погоди јапонскиот остров Хокаидо, на северот од земјата. Во оваа природна катастрофа животот го загубија најмалку 2 лица, а 32 лица се водат за исчезнати..

Јапонската медиумска институција „НХК“ и информативната агенција „Кјодо“ соопштија дека земјотресот што го погоди вториот по големина јапонски остров Хокаидо, предизвикал голем број свлечишта во кои животот го загубиле најмалку 2 лица, 32 лица се водат како исчезнати, додека 125 се повредени.

По земјоресот, три реактора од нуклеарната централа „Томари“ прекинаа со работа, по што беа поврзани со генераторите за итни случаи. На островот околу 3 милиони семејства останаа без електрична енергија, а затворени се аеродромите и голем број автопати.

Премиерот Шинзо Абе соопшти дека владата веќе формирала кризен штаб за координација во спасувањето и помошта. Најави дека 25 илјади војници ќе бидат испратени на погоденото подрачје за да помогнат во спасувањето.