-“Формирањето на СЈО е клучната работа која произлегува од Пржинскиот договор. Политичките партии во многу наврати се имаат обврзано да дадат поддршка на СЈО. Ние ги охрабруваме партиите да ја почитуваат оваа нивна заложба, и во иднина да ја имплементираат со поддршка кон СЈО”, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, вчера во Куманово одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува одлуката на владејачките партии за недавање поддршка на измените на Законот за СЈО.
Што се однесува до изборите, евроамбасадорот изјави дека четворицата лидери уште во август востановиле дека сите услови се исполнети за нивно оддржување во декември.
– Исто така, имам постојани дискусии со четворицата лидери во врска со прашањето за изборите и за прашањето поврзано со СЈО и мојот впечаток е дека сите се подготвуваат за оддржување на изборите. Ние како ЕУ се радуваме и со нетрпение очекуваме изборите да се оддржат тогаш кога се закажани. Та ќе биде можност земјата да се врати во нормала, да го продолжи својот европски пат и да ја продлабочиме нашата соработка, изјави евроамбасадорот Жбогар.