“Златна арена” за најдобра режија во Пула за Теона Митевска

Сподели

 

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на филмскиот фестивал во Пула, Хрватска, кој се одржува од 13 до 21 јули Теона Стругар Митевска доби Златна арена за најдобар режисер за филмот.

 

 

Одлуката за доделување на оваа награда на Стругар Митевска е донесена едногласно, се наведува во соопштението за наградата.

Во месец јули филмот ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата во Кина. „Петрунија” за половина година освои шест награди и ќе биде дистрибуиран во над 35 земји низ целиот свет.

 

***

Во Штип, мало гратче во Македонија, секој јануари локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката, а стотици мажи со нуркање сакаат да дојдат први до него. Среќата и просперитетот се загарантирани на човекот кој ќе го фати прв.  Петрунија неочекувано се фрла во водата од каприц и успева да го фати крстот пред другите. Нејзините конкуренти се бесни – како се осмелува жена да учествува во нивниот ритуал? Настанува општ хаос, но Петрунија опстојува на своето. Таа го освои својот крст и нема да се откаже.