ЗНМ и УНДП доделија награди на тема „Креативност и новинарска етика“

Сподели

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги доделија наградите за „Креативност и новинарска етика“

Првата наградата е доделена на новинарот Михаил Милошевски од 360 степени со сторија со наслов „ Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова – под клуч “. Се работи за југозападниот дел на најмладата европска држава, Косово и се наоѓа областа Гора. А таму, покрај Албанци и Бошњаци, голем дел од населението се декларира како Горанци – народ со муслиманска вероисповест кој говори јужнословенски јазик.

Втората награда беше доделена на Ардит Рамадани, од медиумот mollekuqja.mk ,со сторијата со наслов „ Статистика: Жените во МК не го добиваат својот фер дел, традицијата е посилна од законот“. Во оваа сторија се споделува статистика каде жените во Северна Македонија се откажуваат од наследството за да не ги расипат односите со своите браќа. Според регионите, во Полог има помалку жени сопственици, а само 17 отсто од жените поседуваат имот во Тетово и Гостивар.

Фото: Томислав Георгиев

Третата награда беше доделена на четири новинарки – на Вања Мицевска и Весна Коловска за трите стории поврзани во низа со наслов: „(Не)оправданите стравови го извадија „оружјето“ на борците за традиционалните вредности во регионот“, „Во битката против родовото редефинирање тргна сојуз на верски и граѓански организации, политички партии и антиваксери“ и „Кога мажот станува жена го преполни јавниот простор со поделби, говор на омраза и манипулација“ и на Валентина Вурмо и Анета Ристеска за обработка на темите со наслов „Системот е продолжена рака на насилството, насилниците се извлекуваат со условни казни“ , објавена на Лицевлице.мк.