Зоран Заев си заминува: СДСМ утре ќе го бира новиот лидер

Сподели

 

Утре, на 12 декември, СДСМ организира вонредни внатрепартиски избори на кој ќе го избере петтиот партиски лидер, на кои учествуваат тројца кандидати Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски и Фросина Ременски.

Вонредните избори за прв човек на СДСМ се организираат откако Зоран Заев поднесе оставка поради слабиот резултат на локалните избори. Новиот претседател на СДСМ ќе биде и новиот премиер на земјава. Од СДСМ информираат дека гласањето ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации во земјата, почнувајќи од 08:00 до 19:00 часот. 

За времето на соопштување на првичните резултати од гласањето, како и за излезноста, дополнително ќе информираме во текот на утрешниот ден, информираат од СДСМ.

 

 

Зоран Заев за претседател на СДСМ беше избран во јуни 2013 година, реизбран во мај 2017 година, а третиот претседателски мандат во СДСМ го почна во март годинава, откако беше избран на првите непосредни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствен кандидат.

Оставката ја најави на 31 октомври, како чин на политичка одговорност, и откако СДСМ го „заокружи“ поразот на локалните избори, губејќи го и главниот град и повеќето скопски општини.