ДИМИТРОВ: Прашањето трае долго, се обидуваме да градиме доверба и да ги отстраниме предрасудите кои се уште постојат

Сподели

,,Заеднички интерес е да се најде решение за овој долгогодишен проблем. Прашањето трае долго, се обидуваме да градиме доверба и да ги отстраниме предрасудите кои се уште постојат. И од другата страна има желба за разговор и за изнаоѓање решение. Ако мало чекорче се направи во еден правец, целата равенка се поместува. Мислам дека и од другата страна има вистинска желба ова да се надмине, на начин што нема да понижи никого, а ќе ги отвори вратите за иднината. Најлесно од сѐ  е овие прашања да не се допираат, но ние и натаму ќе разговараме за ова тешко прашање. Ако треба ќе се видиме повеќе пати, додека не ги поместиме работите напред“.

Изјави, Никола Димитров