Вести Македонија Ударни вести

Хан на средба со разрешените од ВМРО-ДПМНЕ: Сите закани против нив мора да престанат!

На Конгресот на ЕПП првпат присуствуваат две делегации од ВМРО-ДПМНЕ, едната предводена од претседателот Христијан Мицкоски, и другата на лична покана од претседателот на ЕПП – Жозев Дол, избрканите и разрешените членови од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојевски, Никола Тодоров и Емилија Александрова.

Хан, по средбата со паралелната делегација од ВМРО-ДПМНЕ порача дека заканите кон пратениците кои гласале за уставните промени мора да престанат.

„Добра средба со македонските колеги Петар Богојески, Емилија Александрова, Никола Тодоров на самитот на ЕПП. Ја поздравувам нивната храброст за гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат за ЕУ агендата, која ја сака поголемиот дел од граѓанита“, напиша Јоханес Хан на Твитер.

Сподели: