Иванов не го дава мандатот на Заев

Сподели

„-Нема да го дадам мандатот на човек или партија кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија. Со темелните вредности на државата никој нема право да тргува“, рече претседателот Ѓорге Иванов на денешното обраќање пред јавноста.

– Со преговарање за постизборна платформа на туѓа држава, се загрозуваат унитарноста и суверенитетот на државата. Тоа ќе бидат катастрофални последици за иднината на државата – изјави Иванов.

Тој додаде дека „очекувал дека одредени политички партии ќе покажат државоторност и зрелост по изборите“, а наместо тоа тие „зборувале за туѓа постизборна платформа, наместо веднаш да го отфрлат лицитирањето со унитарниот карактер, идентитетот и со државните интереси“.

– Поради платаформата, заглавуваме во длабока криза, се доведуваат под прашање темелните вредности, државните интереси на Македонија и на граѓаните – изјави Иванов.

Тој истакна дека меѓународната заедница не ја осудила платформата на албанските партии, која, според него, е мешање во внатрешните работи и редифинрање на унитарноста.

– Немаше осуда, само гласен молк. Штом се воздржаа од осуда на плaтформата што го загрозува суверенитетот и унитарноста на државата, треба да се воздржат и од наметнување на решение кое е спротивно на државните интереси и со кое се уценува македонскиот народ – изјави Иванов.