Вести Свет Ударни вести

Косовскиот државен врв на средба со американскиот амбасадор

Претседателот на Косово Хашим Тачи, првиот човек на Собранието, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај ќе заминат претпладнево во Амбасадата на САД во Приштина, на средба со амбасадорот Филип Коснет.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, се очекува на средбата да стане збор за американското барање за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, кое предизвика криза во владината коалиција.

Премирот Хардинај е категорично против ова барање, со образложение дека дека Србија не исполнила ниту еден од условите за укинување на таксата и инсистира дека таа треба остане во сила се додека Белград не ја признае независноста на Косово.

Претседателот на Собранието Весели предложи таксата, под одредени услови, да биде суспендира на 120 дена, со цел, пред се, да не му се наштети на стратешкото партнерство со САД.

За укинување на таксата силно се залага и претседателот на Косово и поранешен лидер на ПДК, Хашим Тачи, кој смета дека е тоа неопходно за да се деблокираат преговорите меѓу Приштина и Белград, кои беа прекинати минатиот ноември, откако Владата на Харадинај ја донесе спорната одлука.

Синоќа на истата тема разговараа лидерите на четирите коалициски партии – Харадинај од Алијансата за иднината на Косово (ААК), Весели од Демократска партија на Косово (ПДК) и вицепремиерите Фатмир Лимај од Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Беџет Пацоли од Алијанса Ново Косово (АКР), но тричасовната средба не резултираше со конкретен договор во врска со американското барање.

Сподели: