ЗНМ: Само 5 од вкупно 52 напади на новинари се судски целосно истражени

Сподели

Само 10 од 52 случаи на напади кон новинари се целосно истражени од кои пет се предадени во Основно јавно обвинителство, а пет во суд каде биле констатирани полесни прекршоци.

Овие податоци МВР ги испратило до Здружението на новинари, откако Здружението барало одговор колку случаи на напади кон новинари имаат регистрирано, во колку од нив имаат постапено и колку се предадени на ОЈО односно на судот, вели извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

– “За говор на омраза против новинари немаме добиено информација официјално дали се водат тековни постапки пред ОЈО. ЗНМ неколку пати периодов поднесе барања за постапување против лица кои им се закануваат на новинари на социјални мрежи и онлајн медиуми, но ОЈО не има одбиено на прв и на втор степен. Таков преглед не е изготвен или ако е ние не сме информирани за тоа” – додава Секуловски.