Вести Свет

220 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМОШ ЗА БУГАРИЈА ОД ЕУ, ЗА СПРАВУВАЊЕ СО МИГРАНТСКИОТ ПРИЛИВ

Сподели:

188011767

Бугарија досега од Европската комисија за справување со проблемот со бегалскиот прилив и за заштита на своите граници, доби вкупна помош во износ од 220 милиони евра, соопшти денеска бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова. Таа нагласи дека оваа помош досега е без преседан во европската пракса и дека таа и овозможува на Бугарија да ги зајакне и модернизира силите за заштита на границите,

Покрај финансиската помош, ЕУ во Бугарија испрати и 150 припадници на Агенцијата за заштита на надворешните граници на ЕУ – Фронтекс, кои им помагаат на бугарските сили во контрола на границата на земјата кон Турција и Србија.

Во меѓувреме, Европската комисија денеска соопшти дека оваа недела Бугарија презела шестмина мигранти, врз основа на квотите на ЕУ за прераспределба на бегалците меѓу земјите членки. Станува збор, за шест мигранти, кои пристигнале е од бегалси камп од Грција.

Согласно утврдените квоти, Бугарија треба да прими 831 мигрант од Грција и 471 од Италија.

Сподели: