„Запознај ја Преспа“- Уметници и граѓани од трите земји се дружат на едно место

Сподели

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беа гости на фестивалот „Запознај ја Преспа“ во село Брајчино, на кого во рамки на културните и гастрономските содржини учествуваа граѓаните од Северна Македонија, Република Грција и Република Албанија. 

 

 

-За првпат уметниците и граѓаните од трите земји се дружат на едно место, во Преспа. Ваквите проекти, кои произлегуваат од Преспанскиот договор се потврда за неговата важност и поттик на зближување, соработка, вмрежување на граѓаните од трите држави, но и поврзување на регионот на оваа тромеѓа, вели Маричиќ. 
 
Вицепремиерот рече дека Преспа веќе нема граница за Македонците, Грците и Албанците, нема разлики и бариери. 

-Денес Преспа обединува и е симбол за пријателство, дијалог, разбирање и градење добрососедски односи. Наместо за блокади и политика во Преспа се зборува за заеднички настани, соработка, проекти, додава вицепремиерот Маричиќ. 

На фестивалот „Запознај ја Преспа“ беа присутни и евроамбасадорот Дејвид Гир, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и Ласло Дукс, унгарскиот амбасадор во земјава. 

Организатори на фестивалот беа невладината организација „Преспа ГРАД“ и Општина Ресен, со финансиска поддрша од два милиони денари на Министерството за култура.