Европското првенство во танци 2022, во наредните неколку дена од 2-ри до 5-ти јули со добра причина, ќе ги обедини најдобрите танчери од Европа во пријателска, семејна атмосфера каде што секој може да дојде и да открие хип хоп танц, да се восхитува на спектакуларните изведби на танчерите.
На првенството кое ќе се оддржи во Ист Гејт и СЦ Јане Сандански, преку 3000 танчери од Србија, Црна Гора, Италија, Молдавија, Велика Британија, Турција, Словенија и многу други држави, ќе ги покажат своите најдобри потези за да се претстават себеси, својата екипа и својата земја преку хип-хоп битки. Битките ќе се одвиваат под добронамерен поглед на реномирано жири.
Скопје, како домаќин на Европското првенство во танци 2022 ќе спои танцови уметници и кореографи од цела Европа за да го споделат најдоброто од хип-хипот со публиката, а во недела (03.07.2022), во склоп на првенството, Сара Јовановиќ, позната како Сара Jо, која е една од најпрепознатливите имиња на регионалната поп и хип-хоп сцена ќе направи спектакл за памтење.
Затоа, запамтете ги датумите и подгответе се да доживеете енергична мешавина на визуелен театар, музика во живо, видео интеракции, моќно лично сведочење, неверојатен танц и многу повеќе.
Европското првенство во танци 2022 ќе биде искуство со нон-стоп музика, танцување и добри вибрации.