Уставните измени мора да се случат, опозицијата да докаже дека е за членство во ЕУ, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на денешната прес-конференција во Брисел.
„Се надевам дека отсега натаму сите политички партии вклучително и опозицијата ќе работи за европската иднина и нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции, кои нема да ја носат земјата напред, емоции кои нема да резултираат со ништо битно за земјата.
Затоа ја повикувам опозицијата. Имав прилика да видам како се надминаа границите на европски вредности токму во текот на оваа дебата. Но, се надевам дека со оваа меѓувладина конференција денес може да свртиме нова страница и да се фокусираме на она што треба да го правиме за Северна Македонија брзо да стане членка на ЕУ затоа што ги читав изјавите на опозицијата и тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство, е па ајде да го докажеме тоа“, – изјави Вархеји
Уставните промени јасно е дека мора да се случат и се надевам дека сите актери, сите политички партии ќе работат на европската агенда, рече тој.