Таравари се сретна со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ

Сподели

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска ја пречека амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, нејзината екселенција, Нивес Тигањ.

На средбата градоначалникот Арбен Таравари и амбасадорката Нивес Тигањ договорија соработка меѓу општина Гостивар и Амбасадата на Хрватска во Скопје.

 

На средба се разговараше и за ктуелната политичка состојба во нашата земја, потребата од консензус за уставните измени и енергетската криза.

Градоначалникот Арбен Таравари му се заблагодари на амбасадорката Тигањ за улогата, придонесот и континуираната поддршка на хрватската држава на европскиот пат на Северна Македонија.

Бидејќи општина Гостивар веќе има збратимување со општина Света Недеља, градоначалникот Таравари изрази подготвеност да ја продлабочи соработката со која било друга хрватска општина.

Амбасадорката Тигањ ја изрази својата поддршка и посветеност за понатамошна соработка меѓу Амбасадата на Хрватска и општина Гостивар, општина од која живеат голем број жители кои придонесуваат за Хрватска.